Турција

Дигитализацијата ќе го зголеми турскиот извоз за 30 отсто

Европските земји како Германија, Велика Британија, Шпанија и Италија, кои нашироко ја користат дигиталната технологија, се едни од главните дестинации на турските извозници

Gökhan Ergöçün   | 25.08.2019
Дигитализацијата ќе го зголеми турскиот извоз за 30 отсто

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските фирми можат да го зголемат својот извоз за 30 отсто преку преземање погодни чекори за дигитализација.

„Дигитализацијата е задолжителна во ера кога технологијата е насекаде“, истакна експертот за дигитални комуникации, Набат Гараханова, за Anadolu Agency (AA).

„Околу 90 отсто од сите турски компании се микро, мали и средни претпријатија, кои се соочуваат со одредени проблеми со дигитализацијата“, истакна Гараканова, инаку директорка на консултантската фирма „МЕЗО Дигитал“.

Таа нагласи дека европските земји како Германија, Велика Британија, Шпанија и Италија, кои нашироко ја користат дигиталната технологија, се едни од главните дестинации на турските извозници.

Турските фирми треба да се адаптираат на оваа ситуација со цел да го зголемат својот извоз во овие земји, вели таа.

„Фирмите треба да имаат веб-страници, да имаат оптимизација на интернет-пребарувачите, да бидат присутни на социјалните мрежи и да се регистрираат на платформите за е-трговија“, истакна Гараканова.

Додава дека дури и компаниите со ограничен буџет можат да преземат вакви чекори благодарение на новите методи на дигитално рекламирање и бесплатните платформи.

„Фирмите треба да имаат и повеќејазични веб-страници и профили и да ги оптимизираат со нивните целни земји“, истакна Гараханова.

Таа вели дека турските фирми се проминентни во неколку сектори, како секторите за мебел, текстил, тешка индустрија и материјали и дека можат да придонесат повеќе за економијата на земјата доколку се дигитализираат.

„Турските министерства и трговски комори ги поддржуваат компаниите, но невладините организации треба да се фокусираат на ова прашање за да ги охрабрат локалните компании“, заклучи Гараханова.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın