Турција

Гигантски објект за производство на авиони и хеликоптери

- Турската индустрија за воздухопловство и вселена ќе гради композитен објект под еден кров, најголем во Турција, четврти по големина во светот

Göksel Yıldırım   | 10.04.2019
Гигантски објект за производство на авиони и хеликоптери

АНКАРА

Според добиените информации, Турската индустрија за воздухопловство и вселена (ТУСАШ) во својот централен кампус во Кахраманказан, на површина од 95.000 квадратни метри ќе изгради затворен објект во противвредност од 181 милион долари. Во објектот, благодарение на високата технологија ќе се спроведува квалитетно и продуктивно производство.

Објектот, во кој ќе се произведуваат делови за воздухопловни летала како што се авиони и хеликоптери, ќе задоволува 2 % од светската потреба на водухопловните структури. Во овој објект, покрај технолошкото производството на високо ниво, ќе се спроведува и дизајн на нови производи и подобрување на производите. Во целиот оперативен процес, користејќи автономни уреди, ќе се постигне висока точност и продуктивност.

ТУСАШ подготвува структура за Индустрија 4.0, со која композитниот објект ќе се претвори во дигитална фабрика и со апликациите за виртуелната/подобрена реалност ќе му даде поддршка на производството.

Според композитскиот тип, со специјализирани роботи и автономна опрема ќе се спроведува прецизно и точно производство.

Во објектот кој ќе биде опремен со илјадници сензори и комуникациски систем, ќе може да се спроведува моментална контрола врз целиот производствен процес и неговата продуктивност.


- Производство и за „воздухопловните џинови“

Во објектот ќе се користат напредни системи за мерење и сечење. Произведените делови ќе бидат подложени на контрола на квалитетот со недеструктивни системи на ултразвук и рендгенски зраци и ќе биде извршена нивна монтажа.

Одделот за боење ќе работи автономно, благодарение на вештачката интелигенција, и сите делови по боењето ќе бидат подготвени за дистрибуција, без да бидат во допир со човечка рака

ТУСАШ со оваа инвестиција во голема мерка ќе ги зголеми своите производствени капацитети, и благодарение на извозот што ќе го направи, ќе даде свој придонес во економијата.

Турската индустрија за воздухопловство и вселена која соработува со мултинационални компании од светот, во објектот покрај производството на оригиналните продукти и воздухопловните летала што самата ги развива, ќе спроведува и производство за светските воздухопловни гиганти, како што се „Airbus“ и „Boeing“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.