Турција

Втор ден продолжува гаснењето на пожарот во фабрика за масло од памук во Турција

- Во турскиот град Адана веќе втор ден продолжува гаснењето на пожарот што синоќа беше ставен под контрола, но утрово повторно се распламти

Ömer Yıldız   | 14.02.2020
Втор ден продолжува гаснењето на пожарот во фабрика за масло од памук во Турција

АДАНА 

Во турскиот град Адана веќе втор ден продолжува гаснењето на пожарот што синоќа беше ставен под контрола, но утрово повторно се распламти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од засега непознати причини вчера во фабрика за масло од памук избувна пожар во магацинот во кој се сместени гранчиња од памук. Противпожарните екипи продолжуваат да се борат со огнот кој не стивнува.

Десет противпожарни екипи на градот Адана учествуваат во гаснењето на пожарот, а гранчињата од памук што не се зафатени од огнот со работни машини се префрлуваат на камиони со кои се транспортираат на побезбеден простор.

Се дознава дека балите со памукови гранчиња се користат во делот на фабриката за производство на струја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın