Турција

Во Турција фатени 97 нерегуларни мигранти

Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон

Özgün Tiran   | 07.04.2021
Во Турција фатени 97 нерегуларни мигранти Фото: АА/Архива

КИРКЛАРЕЛИ/БАТМАН (АА) - Најмалку 97 нерегуларни мигранти се фатени во турските погранични региони, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

„48 нерегуларни мигранти се фатени во северозападната област Киркларели, во близина на бугарската граница“, велат изворите, кој зборуваа под услов да останат анонимни.

Тимовите на жандармериската команда добија дојава дека во шумата во близина на селото Тастапе во Кофчаз и во селото Ескиташли во подрачјето Лулебургаз се наоѓаат нерегуларни мигранти.

Фатени се сириски и ирачки државјани, вклучувајќи и деца и однесени се во обласниот центар за миграции. Тројца осомничени под наводи дека го организирале патувањето на мигрантите се приведени.

Уште 49 нерегуларни мигранти се фатени во југоисточната област Батман, во близина на сириската граница.

Жандармериските сили ги пронашле мигрантите, меѓу кои 47 Авганистанци и двајца Пакистанци, кога запреле сомнителен минибус во Козлук.

Возачот на минибусот е исто така приведен.

По рутинските процедури, мигрантите се однесени во обласниот центар за миграции.

Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın