Турција

Во Турција оваа година фатени 10.000 илегални мигранти

Турската Крајбрежна стража во последните три месеци фати 5.729 мигранти на море...

Gözde Bayar   | 18.04.2019
Во Турција оваа година фатени 10.000 илегални мигранти

ИЗМИР (АА) - Околу 10.000 илегални мигранти се фатени на турското крајбрежје на Егејското Море во последните 3,5 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).

Турската Крајбрежна стража во последните три месеци фати 5.729 мигранти на море. Во истиот период шест мигранти ги загубија своите животи како последица на хипотермија, а приведени се 15 криумчари на луѓе.

Истовремено, единиците на копнените безбедносни сили фатија 3.919 мигранти и приведоа 82 криумчари на луѓе.

Сите мигранти се испратени во обласните дирекции за миграции.

Турција се наоѓа на главната рута на мигрантите, кои преку нејзината територија се обидуваат да преминат во Европа.

Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција се фатени околу 268.000 илегални мигранти.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın