Турција

Во Турција минатата недела задржани над 6.600 нерегуларни мигранти

Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги засилила напорите за испраќање на нерегуларните мигранти во Турција, прекршувајќи ги конвенциите

Ekipa   | 10.09.2019
Во Турција минатата недела задржани над 6.600 нерегуларни мигранти

АНКАРА (АА) - Најмалку 6.664 нерегуларни мигранти беа фатени во Турција во текот на изминатата недела, според податоците на Anadolu Agency (AA) од безбедносни извори.

Вкупно 4.365 мигранти се задржани во повеќе операции спроведени од страна на жандармериските сили во северозападната турска област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.

Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги засилила напорите за испраќање на нерегуларните мигранти во Турција, прекршувајќи ги Женевската конвенција, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура.

Во крајбрежните области Чанаккале, Баликесир, Ајдин, Измир и Мугла, Турската крајбрежна стража и жандармериските сили фатија вкупно 2.025 мигранти во обид да преминат во Европа преку Грција.

Турција е клучна транзитна точка за нередовните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.

Во северозападните области Киркларели и Текирдаг, пак, од страна на жандармериските сили задржани се вкупно 120 мигранти.

Покрај тоа, граничните сили и полицијата во јужната област Хатај фатија 41 мигрант за илегално влегување во Турција од Сирија.

Во источната област Ерзинџан, жандармериските сили приведоа 54 нерегуларни мигранти, кои влегле во Турција илегално.

Полицијата во источната област Ерзурум задржа околу 39 нерегуларни мигранти, додека во црноморската област Самсун минатата недела од полициските сили приведени се вкупно 20 мигранти.

Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Тунис, Мароко, Туркменистан, Египет, Бангладеш, Индија, Алжир, Сомалија, Гана, Јемен, Палестина, Еритреја и Нигерија.

Сите фатени мигранти во текот на неделата се хоспитализирани или се пренесени во обласните канцеларии за миграции.

Според Министерството за внатрешни работи, во 2018 година во Турција се задржани околу 268.000 нерегуларни мигранти. Турција е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın