Турција

Во Турција минатата недела задржани над 4.400 илегални мигранти

Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, Тунис, Кувајт, Мароко, Египет, Либија, Бангладеш, Алжир, Сомалија, Гана, Јемен, Палестина, Непал, Еритреја и Нигерија

Büşra Nur Bilgiç   | 21.10.2019
Во Турција минатата недела задржани над 4.400 илегални мигранти

АНКАРА (АА) - Најмалку 4.407 илегални мигранти се фатени низ Турција во текот на минатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).

Најмногу, 1.916 мигранти, беа задржани во повеќе операции извршени од страна на жандармериските сили во северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.

Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги засили напорите за испраќање на илегалните мигранти во Турција, прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура.

Во крајбрежните области Чанаккале, Баликешир, Ајдин, Измир, Мугла и Анталија, турската Крајбрежна стража и жандармериските сили фатија вкупно 2.227 мигранти додека се обидувале да преминат во Европа преку Грција.

Одвоено, во северозападните области Киркларели и Текирдаг од страна на жандармериските сили се фатени 114 мигранти.

Покрај тоа, пограничните сили и полицијата во јужната турска област Хатај фатија 114 мигранти во обид да влезат во Турција од Сирија на по илегален пат.

Во централната област Кајсери, вкупно 36 мигранти се задржани од страна на полицијата и жандармериските сили.

Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, Тунис, Кувајт, Мароко, Египет, Либија, Бангладеш, Алжир, Сомалија, Гана, Јемен, Палестина, Непал, Еритреја и Нигерија.

Сите мигранти кои се фатени во текот на минатата недела се однесени во болниците на медицински третман или се пренесени во канцелариите за миграција во областите.

Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција биле фатени 268.000 илегални мигранти.

Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека досега во текот на оваа година биле фатени околу 336.707 илегални мигранти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın