Турција

Во Истанбул приведени 11 припадници на ДЕАШ

„Антитерористичките единици извршија рации на 19 адреси во 10 подрачја на турската метропола и приведоа осомничени лица“

Mustafa Hatipoğlu,Halil Demir   | 14.04.2021
Во Истанбул приведени 11 припадници на ДЕАШ

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили приведоа 11 осомничени лица поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Антитерористичките единици извршија рации на 19 адреси во 10 подрачја на турската метропола и приведоа осомничени лица“, изјавија безбедносни извори, што зборуваа под услов да останат анонимни.

За време на операцијата се запленети и дигитални и организациски документи.

Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.

Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади, во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.

Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın