Турција

Во изнајмено возило во Истанбул пронајден мртов американскиот новинар Андре Влтчек

Телото на новинарот е пренесено во Центарот за форензика, а Обвинителството на Истанбул започна истрага

Muhammed Enes Can,Başak Akbulut Yazar   | 22.09.2020
Во изнајмено возило во Истанбул пронајден мртов американскиот новинар Андре Влтчек

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот новинар Андре Влтчек пронајден е мртов во возило во населбата Караќој во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).

Новинарот Андре Влтчек и неговата сопруга Рози Индира Влтчек во утринските часови пристигнале во хотел во Караќој со возило и шофер изнајмени од Самсун.

Неговата сопруга по пристигнувањето пред хотелот забележала дека Влтчек не прави никакви движења, за што ги известила здравствените служби.

Здравствените работници по пристигнувањето на терен утврдиле дека Влтчек починал.

Неговото тело е пренесено во Центарот за форензика, а Обвинителството на Истанбул започна истрага.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın