Во антитерористичка акција во Истанбул приведени десет лица
- Запленета е голема количина документи и дигитален материјал

ИСТАНБУЛ
Во акција организирана во Истанбул, а насочена против терористичката организација ПКК, приведени се десет лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Одделот за борба против тероризмот започнаа акција против структурите на Револуционерното младинско движење (DGH), кое во Истанбул дејствува во име на ПКК. Се верува дека осомничените, по повод одбележување на годишнината од денот кога водачот на терористите на ПКК, Абдула Оџалан, е префрлен во Турција по фаќањето во Кенија, подготвувале активност за 15 февруари.
Во рамките на истрагата се извршени претреси на неколку адреси и приведени се десет лица.
Запленета е голема количина документи и дигитален материјал.
Процесуирањето на приведените е во тек.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.