Турција

Водопадот Учансу, скриениот рај на Анталија

Водопадот Учансу, висок 50 метри, кој се раѓа од врвот на планинскиот венец Торос и се полни со вода од снегот што се топи од планините Акдаг и Гејик, со својата визуелна убавина ги фасцинира посетителите

Ekipa   | 12.06.2019
Водопадот Учансу, скриениот рај на Анталија

АНТАЛИЈА (AA) – Водопадот Учансу, што се наоѓа во областа Гундогмуш во Анталија, стана задолжително место за оние што сакаат да се освежат во текот на летото. Во подрачјето каде што се наоѓа водопадот, температурата на воздухот не го надминува 15-от степен, пишува Anadolu Agency (AA).

Водопадот Учансу, висок 50 метри, од врвот на планинскиот венец Торос се полни со вода од снегот што се топи од планините Акдаг и Гејик, со својата визуелна убавина ги фасцинира посетителите. 

Познат како „Рај скриен во шумата“, водопадот, кој ѝ дава „живот“ на реката Алара, го привлекува вниманието на посетителите кои сакаат да се оладат во текот на летните месеци. 

Температурата на воздухот во регионот каде што се наоѓа водопадот достигнува најмногу 15 степени во лето. Водопадот, преку областа Манавгат, се слева во Средоземното Море. 

- „Скриеното богатство на планината Торос“ -

Градоначалникот на Гундогмуш, Мехмет Озерен, во изјава за АА рече дека водопадот со својата убавина и студената вода привлекува огромно внимание и треба да биде посетен од секого. 

„Водопадот со својата убавина и студената вода привлекува големо внимание кај туристите. Тоа е убавина која треба да биде посетена од сите. Идеален регион за алтернативниот туризам. Водопадот Учансу угостува илјадници домашни и странски туристи. Но, за жал, туристите немаат место каде да се сместат, а исто така нема ни ресторани. Во идниот период ќе работиме на тоа да обезбедиме места за сместување на туристите, за нивна исхрана и за продавање на локалните производи“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın