Турција

Водопадот Куршунлу годишно го посетуваат стотици илјади туристи

Водопадот е со висина од 18 метри, а под него има базен кој потсетува на најубаво езеро. Во Куршунлу се наоѓаат повеќе од 260 различни видови растенија, вклучувајќи 14 ендемски.

Süleyman Elçin  | 19.01.2019
Водопадот Куршунлу годишно го посетуваат стотици илјади туристи

Antalya

АНТАЛИЈА (AA) - Сулејман Елчин

Водопадот Куршунлу, оддалечен околу 20 километри од Анталија, има неповторлива убавина, со оглед на местото на коешто се наоѓа, што прави како да излегува од борова шума. Околината на водопадите е совршена за пикник во природа, а местото овозможува и уживање во мир и зеленило.

Анталија, со своите природни убавини, е еден од најатрактивните градови на Турција. Еден од нив, секако е водопадот Куршунлу, кој го посетуваат голем број туристи.

Се наоѓа на североистокот на Анталија, а откриен е во 1986 година и набргу е претворен во парк на природата. Домашните и странските туристи најмногу ги привлекува недопрената природа и ендемското растение кое се наоѓа на тоа подрачје.

Водопадот се наоѓа среде боровата шума.

Директорот на Канцеларијата за зашитита на природата и националните паркови, Риза Ќамил, за АА изјави дека водопадот се наоѓа само 20-ина километри од градот.

Водопадот е со висина од 18 метри, а под него има базен кој потсетува на најубаво езеро. Ќамил појасни дека во Куршунлу се наоѓаат повеќе од 260 различни видови растенија, вклучувајќи 14 ендемски. Во текот на посетата на водопадот можат да се видат и различни диви животни како зајаци, патки, лисици...

„На патеките кои водат до водопадот, се наоѓаат и четири века стари воденици. Некогаш одговараа на потребите на селаните на тоа подрачје. Ќе ги обновиме тие воденици. Националниот парк, во чиј состав се наоѓа и водопадот, минатата година го посетија 6,1 милион туристи“, изјави Ќамил.

Покрај домашните туристи, додаде тој, водопадот најмногу го посетуваат државјани на Германија и Русија, всушност, Европејци и туристи од Блискиот Исток.

На веб страницата на Анадолу Агенсу објавен е дел од системот на проток вести (HAS). За целосни вести, ве молиме контактирајтене за претплата.Abonelik için lütfen iletişime geçiniz.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın