Турција

Бројот на странските туристи во Турција зголемен за 24 отсто

„Во месец април најмногу туристи има од Германија, потоа следуваат туристите од Русија со зголемување за 34 отсто, а на трето место се наоѓаат туристите од Велика Британија, со пораст од 31 отсто“

Eda Özdener   | 15.05.2019
Бројот на странските туристи во Турција зголемен за 24 отсто

АНКАРА (АА) - Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, соопшти дека бројот на странските туристи што ја посетиле Турција се зголемил за 24 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за култура и туризам, министерот Ерсој ги споделил информациите за туристичките податоци во земјата за месец април. 

Министерот Ерсој, истакнувајќи дека бројот на странските туристи во Турција се зголемил за 24 отсто во месец април, рече дека најмногу посетители има од Германија со зголемување од 48 отсто. 

„Во однос на истиот месец од минатата година во Турција, бројот на туристите е зголемен. Во месец април најмногу туристи има од Германија, потоа следуваат туристите од Русија со зголемување за 34 отсто, а на трето место се наоѓаат туристите од Велика Британија, со пораст од 31 отсто“, истакна министерот Ерсој. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın