Турција

Бинали Јилдирим избран за претседател на турското Собрание

За претседател на Големото турско народно собрание (TBMM), избран е Бинали Јилдирим, пратеник на АК Партијата од Измир и поранешен премиер на Турција

Coşkun Ergül,Meltem Öztürk   | 12.07.2018
Бинали Јилдирим избран за претседател на турското Собрание

TBMM

АНКАРА (АА) - По гласањето во Големото турско народно собрание во Анкара, со освоени 335 гласа, за претседател на Собранието е избран пратеникот на АК Партијата од Измир, Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).

Во третиот круг на гласање во генералното Собрание учествуваа 584 пратеници.

Со освоени 335 гласа, пратеникот на АК Партијата од Измир, Бинали Јилдирим е избран за нов претседател на Големото турско народно собрание. Ердоган Топрак, кандидат на Републиканска народна партија (CHP) освои 135 гласа. Мерал Даниш Бешташ од Народната демократска партија (HDP) освои 63 гласа, а Хајретин Нухоглу од Партијата ИЈИ (IYI), 40 гласа. Кандидатот на Партијата Саадет, Џихангир Ислам, освои 5 гласа, а 6 гласа се прогласени за неважечки.

Бинали Јилдирим стана 28. претседател на Големото турско народно собрание (TBMM).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın