Турција

Акар одговори на писмото на Шанахан: „Да се продолжи дијалогот на заемно почитување“

„Искажано е незадоволство поради стилот и пристапот во писмото кое не е во согласност со духот на сојузништвото и дека темелно се пренесени веќе нашите познати ставови и предлози...“

Sarp Özer   | 18.06.2019
Акар одговори на писмото на Шанахан: „Да се продолжи дијалогот на заемно почитување“

АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, одговори на писмото на вршителот на должноста шеф на Пентагон, Патрик Шанахан, а во одговорот е изразена важноста за продолжување на дијалогот втемелен на заемно почитување и пријателство и продолжување на настојувањето да се пронајдат решенија за проблемите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Министерството за одбрана на Република Турција е нагласено дека Акар упатил писмо како одговор на писмото кое Шанахан го упати на 6 јуни оваа година.

„Искажано е незадоволство поради стилот и пристапот во писмото кое не е во согласност со духот на сојузништвото и дека темелно се пренесени веќе нашите познати ставови и предлози. Изразена е важноста за продолжување на дијалогот втемелен на заемното почитување и пријателство и продолжување на настојувањето да се пронајдат решенија за проблемите“, се истакнува во соопштението.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın