Турција

Акар: „Нашите напори и во Либија и во Идлиб се мирот и спокојството да се постигне со политичко решение“

„Не можеме да кажеме дека не е возможно примирје. Напорите околу постигнувањето примирје ќе бидат продолжени“, изјави Акар

Sarp Özer   | 15.01.2020
Акар: „Нашите напори и во Либија и во Идлиб се мирот и спокојството да се постигне со политичко решение“

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека од 15 јули 2016 година, во рамките на борбата против ФЕТО се процесуирани вкупно 23.324 припадници на Вооружените сили на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Од 15 јули водена е истрага за 23 илјади 324 припадници на Турските вооружени сили. Нема да дозволиме ниту еден предавник да ја носи оваа славна униформа", истакна Акар кој денеска во Анкара ги прими медиумските претставници со кои разговараше за последните случувања во Турција и во регионот на Блискиот Исток.

Во таа пригода Aкар истакна дека целта на Турција во Либија и во сирискиот град Идлиб е со политички средства да се помогне во решавање на кризата и воспоставувањето мир и просперитет во целиот регион.

„Нашите напори и во Либија и во Идлиб се мирот и спокојството да се постигнат со политичко решение и да престане крвопролевањето“, истакна Акар.  

На прашањето за тоа дали прекинот на огнот во Либија е невозможно да се одржи, Акар изјави дека Турција секако ќе продолжи со напорите за да се стабилизира состојбата во таа земја.

„Не можеме да кажеме дека не е возможно примирје. Напорите околу постигнувањето примирје ќе бидат продолжени“, изјави Акар.

Тој истакна дека за време на Меѓународната мировна конференција за Либија во Берлин, која ќе биде одржана на 19 јануари, би можело да биде постигнато решение за Либија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın