Турција

Акар: „Ерменија мора да ги запре нападите, да ги испрати назад своите платеници и терористите“

Burak Bir   | 28.09.2020
Акар: „Ерменија мора да ги запре нападите, да ги испрати назад своите платеници и терористите“

АНКАРА (АА) - Повторувајќи ја целосната поддршка на Турција за Азербејџан во врска со конфликтот во Нагорно Карабах, турскиот министер за одбрана денес ја повика Ерменија веднаш да се повлече од окупираниот регион, јавува Агенција Аадолија (АА).

„Ерменија мора да ги запре нападите веднаш и да ги испрати назад платениците и терористите што ги донесоа од странство“, изјави Акар за АА.

Тој изјави дека Турција ги поддржува азербејџанските браќа во одбраната на нивната матична земја, додавајќи дека Ерменија мора да се повлече од окупираните азербејџански територии за да се постигне мир и стабилност во регионот.

Пограничните судири избија вчера откако ерменските сили извршија напади врз азербејџанските цивилни населби и воените позиции во регионот, познат како Нагорно Карабах.

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба во некои негови градови и региони по повредата на границите од Ерменија и нападите во окупираниот регион Нагорно Карабах.

- Конфликтот за Нагорно Карабах -

Односите меѓу двете поранешни советски нации се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.

Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.

Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.

Франција, Русија и НАТО, меѓу другите, повикаа на итен прекин на судирите во окупираниот регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın