Турција

АА ја претстави книгата „Операција „Извор на мирот“ за борбата на Турција против тероризмот

Предговорот на книгата го напиша претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шенол Казанџи, кој нагласи дека Турција од почетокот на војната во Сирија ја поддржува целоста на Сирија и дека на меѓународната сцена...

Mehmet Tosun   | 08.11.2019
АА ја претстави книгата „Операција „Извор на мирот“ за борбата на Турција против тероризмот

АНКАРА (АА) - Новинската агенција Anadolu Agency (AA) на публиката ѝ ја претстави книгата „Операција „Извор на мир“ во рамките на борбата на Турција против тероризмот, која зборува за операцијата која зазема важно место во 35-годишната борба на Турција против терористичката операција ПКК.

Книгата е претставена на публиката на 38. Меѓународен саем за книги, на кој секоја година се собираат половина милиони посетители во Конгресот и саемскиот центар ТУЈАП во Истанбул.

Во пишувањето на книгата значаен придонес дадоа угледни експерти, а збогатена е и со графикони кои подетално ги појаснуваат темите како процесот на основање на терористичката организација ПКК, нејзините структури и активности, потоа за заканите на безбедноста на турската граница, целоста на Сирија, враќањето на сириските бегалци и за процесот на започнување на турската воена операција на источниот брег на Еуфрат.

Книгата е објавена на турски јазик, а наскоро се очекува објавување на изданието и на англиски и арапски јазик.

Предговорот на книгата го напиша претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шенол Казанџи, кој нагласи дека Турција од почетокот на војната во Сирија ја поддржува целоста на Сирија и дека на меѓународната сцена започнува различни иницијативи во тој контекст.

Казанџи наведе дека Турција со операциите против сепаратистичките терористички организациии ДЕАШ и ЈПГ/ПКК покажала дека нема да дозволи до нејзината јужна граница да се воспостави терористичка зона. Тој додаде дека терористите на ЈПГ/ПКК и понатаму претставуваат закана на третина од таа турска граница и дека турските сили порачуваат дека одлучно ќе се борат сè додека тие закани не бидат неутрализирани.

Тој потсети дека Турција на 9 октомври ја започнала операцијата „Извор на мир“, која ќе овозможи воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци. Турција згрижи повеќе од 3,6 милиони Сиријци и им даде статус на привремена заштита. Казанџи понатаму наведе дека операцијата е започната врз основа на меѓународни норми и права и дека се спроведува со максимални мерки за заштита на цивилите.

Во предговорот понатаму се наведува дека турските сили со операцијата остваруваат брз напредок на терен, а дека Турција ги остварила историските успеси со постигнувањето договор со САД и Русија.

„Книгата зборува за структурите на тероризмот на ПКК во Турција и Сирија, за заканите за турската граница, целоста на Сирија и за враќањето на сириските бегалци, како и процесот кој довел до тоа Турција да започне операција источно од реката Еуфрат. Во книгата е содржан и преглед на текот на таа успешна операција, како и преглед на историските договори кои Турција ги постигна во контекст на подобра иднина на регионот. Им се заблагодарувам на сите пријатели кои учествуваа во подготвувањето на оваа книга“, порачува Казанџи во предговорот.

АА објави низа книги за различни теми и тоа на турски, арапски и англиски јазик. Сите публикации на АА на јавноста ѝ се достапни и на интернет-страницата https://www.aa.com.tr/tr/aa-yayinlari.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın