спорт

„Туркиш ерлајнс“ спонзор на 42. трка во искачување на Емпајер Стејт Билдинг

Околу 200 учесници од целиот свет се искачија на 102-катната Емпајер Стејт Билдинг, која е една од обележјата на градот Њујорк

Nilay Kar   | 15.05.2019
„Туркиш ерлајнс“ спонзор на 42. трка во искачување на Емпајер Стејт Билдинг Фото: Atılgan Özdil/АА

ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк се одржа 42. трка во искачување на Емпајер Стејт Билдинг, светски најпознатата трка во искачување на кула, која е спонзорирана од турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), јавува Anadolu Agency (AA).

Околу 200 учесници од целиот свет се искачија на 102-катната Емпајер Стејт Билдинг, која е една од обележјата на градот.

Учесниците на овогодишната трка искачија 1.576 скали и 1.050 вертикални стапки (320 метри) до 86-тиот кат од петтата највисока зграда во САД.

Бранителката на титулата, Сузи Волшам, од Сингапур победи во женската трка, со време од 12 минути и 18 секунди.

Ова е десетта победа на Волшам во трката. Во минатогодишната трка таа се искачи на зградата за време од 12 минути и 56 секунди.

Пјотр Лобоџински од Полска победи во машката трка, со време од 10 минути и 5 секунди. Тој победи и на трката во 2017 година.

Емпајер Стејт Билдинг беше осветлена во текот на ноќта со црвена и бела боја - боите на турското национално знаме и нејзиниот главен авиопревозник.

„Туркиш ерлајнс“ има свое претставништво во Њујорк на 75-тиот кат од Емпајер Стејт Билдинг, чие седиште се наоѓа во Истанбул.

Турскиот авиопревозник, исто така, го спонзорираше и минатогодишното 41. издание на трката.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın