спорт

Чех ќе стави крај на својата професионална фудбалска кариера

„Поминаа 20 години од потпишувањето на мојот прв професионален договор. Во англиската Премиер лига играм 15 години и го освоив секој можен куп. Чувствувам дека е вистинско време да соопштам дека на крајот на сезоната ќе одам во пензија“

Hüseyin Burak Demirer   | 15.01.2019
Чех ќе стави крај на својата професионална фудбалска кариера

Ankara

АНКАРА (АА) - Чешкиот голман на англискиот премиерлигаш Арсенал, Петр Чех, соопшти дека на крајот на сезоната ќе стави крај на својата активна професионална фудбалска кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Поминаа 20 години од потпишувањето на мојот прв професионален договор. Во англиската Премиер лига играм 15 години и го освоив секој можен куп. Чувствувам дека е вистинско време да соопштам дека на крајот на сезоната ќе одам во пензија“, напиша Чех на објава на Твитер.

Чех својата кариера ја започна во 1999 година во клубот во неговата земја, Хмел, потоа ги носеше дресовите на Спарта Прага, Рен и Челзи, а во 2015 година беше трансфериран во Арсенал.

Чех со дресот на Челзи за кој играше од 2004 до 2015 година, еднаш освои победа во Лигата на шампионите на УЕФА, една победа во Лига Европа на УЕФА, четири победи во Лигата, четири победи во англискиот Федеративен куп, три победи во Купот на Англија и две победи во суперкупот на Англија, додека со дресот на Арсенал освои една победа во англискиот ФА куп и две победи во суперкупот на Англија.

Чешкиот 36-годишен голман 124 пати го носеше дресот на репрезентацијата на Чешка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın