спорт

Халеп прва финалистка на Вимблдон

- Халеп на турнирот во Лондон ја совлада осмата тенисерка на светот, Украинката Елина Свитолина

Yunus Kaymaz   | 11.07.2019
Халеп прва финалистка на Вимблдон

ЛОНДОН

Романката Симона Халеп е првата финалистка на овогодишниот Вимблдон во женска поединечка конкуренција, јавува Anadolu Agency (AA).

Халеп на турнирот во Лондон ја совлада осмата тенисерка на светот, Украинката Елина Свитолина.

Мечот на централниот терен траеше 72 минути, а седмата светска тенисерка победи со 6:1 и 6:3 во сетови.

Ова е нејзиното прво финале на Вимблдон во кариерата.

Халеп минатата година ја освои првата грен-слем титула на францускиот Опен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.