спорт

Фудбалски фанови донираа 1.000 пара копачки за сириските деца бегалци

- Европските фудбалски фанови донираа над 1.000 пара копачки за фудбал за сириските деца кои се сместени во бегалскиот камп „Затари“ во Јордан

Fatih Erel   | 11.09.2019
Фудбалски фанови донираа 1.000 пара копачки за сириските деца бегалци

ИСТАНБУЛ

Европските фудбалски фанови донираа над 1.000 пара копачки за фудбал за сириските деца кои се сместени во бегалскиот камп „Затари“ во Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).

„Обувките беа собрани за време на одржувањето на минатогодишната Трофејската тура на УЕФА Лига Европа, која беше организирана во осум европски градови: Женева, Севилја, Берлин, Лондон, Милано, Москва, Париз и Баку“, се вели во денешната изјава на УЕФА.

„Како дел од Трофејската тура на УЕФА Лига Европа, повеќе од 1.000 пара копачки им беа доделени на сириските бегалци во кампот“, соопшти УЕФА.

„Откако го посетив бегалскиот камп „Затари“, од лично ја видов големата желба на младите да играат фудбал и колку им значи играта“ рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Кампот за бегалци „Затари“ во Јордан е дом на повеќе од 80.000 раселени сириски бегалци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın