спорт

Формула 1: В недела се вози трката за Големата награда на Шпанија

Возачите на Формула 1 на патеката Барселона-Каталуња долга 4.675 метри ќе се натпреваруваат кој најбрзо ќе ги извози 66-те круга.

Doğa Kırmızıoğlu   | 07.05.2021
Формула 1: В недела се вози трката за Големата награда на Шпанија

АНКАРА 

Неделава се вози овогодишната 4. трка во рамките на Шампионатот во Формула 1, Големата награда на Шпанија, известува Агенција Анадолија (АА).

Возачите на Формула 1 на патеката Барселона-Каталуња долга 4.675 метри ќе се натпреваруваат кој најбрзо ќе ги извози 66-те круга.

Трката за полпозицијата ќе се одржи утре со почеток во 15:00 часот. Трката за Големата награда на Шпанија ќе се одржи в недела, 9 мај, во истиот термин.

На претходните трки сезонава две победи извојува Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, и една победа извојува Макс Верстапен од Ред Бул Хонда.


Пласман на првите пет возачи и тимови во Формула 1


Пласман на возачи

1. Луис Хамилтон - 69 поени

2. Макс Верстапен - 61 поен

3. Ландо Норис - 37 поени

4. Валтери Ботас - 32 поена

5. Шарл Леклер - 28 поени


Пласман на тимови

1. Мерцедес - 101 поен

2. Ред Бул - 83 поени

3. Мекларен - 53 поени

4. Ферари - 42 поена

5. Алпин - 13 поени



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın