спорт

ФИФА ги продолжи привремените правила донесени поради војната во Украина

- Советот на ФИФА одлучи да ги продолжи привремените правила за вработување утврдени во Правилникот за статусот и трансферот на играчи (RSTP), со цел ефективно да им помогне на играчите, клубовите и тренерите погодени од војната во Украина.

Hüseyin Burak Demirer   | 22.06.2022
ФИФА ги продолжи привремените правила донесени поради војната во Украина

ЦИРИХ (АА) - Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги продолжи за една година привремените правила за договорите за вработување, кои беа усвоени по рускиот напад на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Канцеларијата на Советот на ФИФА одлучи да ги продолжи привремените правила за вработување утврдени во Правилникот за статусот и трансферот на играчи (RSTP), со цел ефективно да им помогне на играчите, клубовите и тренерите погодени од војната во Украина.

Одлуката следуваше по измените на РСТП одобрени од Канцеларијата на Советот на 7 март 2022 и 16 март 2022 година, обезбедувајќи итна правна сигурност и разјаснување на голем број важни регулаторни прашања.

Во овој поглед, доколку клубовите во рамките на Украинската фудбалска федерација или Фудбалската федерација на Русија не постигнат меѓусебен договор со своите странски играчи и тренери пред или на 30 јуни 2022 година, а освен ако поинаку не е договорено во писмена форма, овие играчи и тренери ќе имаат право да ги раскинат договорите за работа со своите клубови до 30 јуни 2023 година.

Во соопштението се осудува и руската употреба на сила во Украина и се повикува на мир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın