спорт

Финалето во Лигата на шампиони на УЕФА ќе се одигра во Португалија

„УЕФА е многу благодарна за постојаниот дух на партнерство и соработка, како и за разбирањето покажано во овој конкретен случај и итно ќе ги истражи идните можности за одигрување на финален натпревар во Истанбул“

Abdulkadir Karakaya   | 13.05.2021
Финалето во Лигата на шампиони на УЕФА ќе се одигра во Португалија

ИСТАНБУЛ (АА) - Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) соопшти дека финалето во Лигата на шампиони, кое претходно беше планирано да се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул на 29 мај, ќе се одигра на Стадионот „Драгао“ во Португалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од УЕФА се наведува дека навивачите кои сакаат да го следат натпреварот помеѓу англиските екипи Манчестер Сити и Челси нема да можат да патуваат во Турција поради мерките преземени против Ковид-19 од страна на Владата на Велика Британија.

Исто така се забележува дека УЕФА имала намера финалниот натпревар да се одигра во Велика Британија, но британските власти не обезбедиле навивачите да бидат ослободени од карантин, затоа решено е финалето да се одигра на Стадионот „Драгао“ во Порто, Португалија.

На финалниот натпревар 6.000 гледачи од двата тима ќе го заземат своето место на трибините.

Меѓу другото, во соопштението се наведува дека турските власти две години работат на успешно организирање на финалето во Лигата на шампиони.

„УЕФА е многу благодарна за постојаниот дух на партнерство и соработка, како и за разбирањето покажано во овој конкретен случај и итно ќе ги истражи идните можности за одигрување на финален натпревар во Истанбул“, се додава во соопштението.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, истакнувајќи дека Турција во минатото успешно организирала многу настани во минатото, рече: „Се надевам дека во блиска иднина ќе бидам во Истанбул и Турција за финалето на Лигата на шампиони, како и за многу други настани.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.