спорт

Фановите на Ливерпул и Челси пристигнуваат во Истанбул

Финалниот натпревар за УЕФА Супер купот 2019 ќе се одигра утре во 21:00 часот по локално време во „Водафон арена“ во Истанбул, помеѓу англиските екипи Ливерпул и Челси

Kenan Irtak   | 13.08.2019
Фановите на Ливерпул и Челси пристигнуваат во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) – Фановите на Ливерпул и Челси од различни земји на светот пристигнаа во Истанбул за да присуствуваат на финалниот натпревар за УЕФА Супер купот 2019, јавува Anadolu Agency (AA).

Финалниот натпревар за УЕФА Супер купот 2019 ќе се одигра утре во 21:00 часот по локално време во „Водафон арена“ во Истанбул, помеѓу англиските екипи Ливерпул и Челси. Екипата на Челси во Истанбул пристигна синоќа во доцните вечерни часови, а Ливерпул се очекува да пристигне денеска попладне. Во Истанбул продолжуваат да пристигнуваат и фановите на двете екипи од целиот свет. Навивачите кои своите тимови ќе ги поддржуваат на трибините почнаа да пристигнуваат во Истанбул еден ден пред натпреварот.

Навивачот на Ливерпул, Дапак Пател, британски државјанин со индиско потекло, во Истанбул пристигна со редовниот лет на „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines THY).

Истакнувајќи дека многу му се допаднал аеродромот во Истанбул, Пател рече: „Во Истанбул, во убавиот град дојдовме да го гледаме натпреварот помеѓу Ливерпул и Челси. Во 2005 година Ливерпул играше со Милан. Дојдовме и за тој натпревар. Тогаш победивме со 3:1, и овој пат ќе победиме со истиот резултат. Многу го сакам Мухамед Салах.“

Пакистанецот Шахид Бут, заедно со неговите три сина, од градот Лахор во Пакистан најпрвин пристигнал во Лондон, а оттаму во Истанбул.

Членовите на семејството Бут истакнаа дека Ливерпул ќе победи со резултат од 2:0.

Тунижанецот Мухамед Ахмао, навивач на Ливерпул, истакна дека заедно со пријателите пристигнал во Истанбул за натпреварот да го проследат на трибините.

Тој, истакнувајќи дека за првпат во живо ќе гледа натпревар од УЕФА Супер купот, рече: „На финалниот натпревар ќе играат две англиски екипи. Порано четирипати шпански екипи играа на финалниот натпревар. Тројца од моите пријатели се фанови на Ливерпул, а еден на Челси.“

- „Истанбул е главен град на фудбалот“ -

Ахмао, изразувајќи го задоволството од присуството во Истанбул, рече: „Многу сме среќни што сме тука. Ќе останеме 4-5 дена. Сакаме да ги видиме и другите стадиони. Истанбул е главен град на фудбалот.“

Галја и Александра, облечени во дресот на Ливерпул, пристигнале од Русија за да го гледаат финалниот натпревар.

„Доаѓаме од Санкт Петербург, Русија. По натпреварот, тука ќе останеме уште еден ден. Ќе ги прошетаме познатите места на Истанбул. Потоа ќе се вратиме дома“, рече Галја, потенцирајќи дека многу го сакаат Истанбул.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın