спорт

Тоти се прости од Рома во чиј дрес ја помина 25- годишната кариера

Рома на свој терен ја совлада Џенова со 3:2 во последното коло од Серија А и така освои второ место и директен пласман во групата фаза од Лигата на шампионите, а Тоти даде свој придонес во оваа победа

Ekipa  | 29.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Тоти се прости од Рома во чиј дрес ја помина 25- годишната кариера

Rome

РИМ (AA) - Познатиот фудбалер на Рома Франческо Тоти (40) се прости вечерва од Рома, во чиј дрес помина кариера од цели 25 години, пренесува Anadolu Agency (AA).

Рома на свој терен ја совлада Џенова со 3:2 во последното коло од Серија А и така освои второ место и директен пласман во групата фаза од Лигата на шампионите, а Тоти даде свој придонес во оваа победа.

Речиси 60.000 навивачи на стадионот Олимпико со овации го поздрави влегувањето на Тоти кој го замени Мохамед Салах во 54. минута од натпреварот.

„За жал, дојде тој момент. Плачев секој ден. Тоа е тешка одлука која ја донесов со сопругата и семејството. Би останал тука уште 25 години. Благодарам Рома", им рече Тоти на навивачите на стадионот.

По натпреварот на центарот на теренот беше поставен голем дрес со број 10 кој Тоти го носеше во текот на каиерата. Со солзи во очите, Тоти се прости од Рома, а плачеа и навивачите кои до последно место го исполнија стадионот во Рим.

Заедно со Тоти по натпреварот на теренот Олимпико беше неговата сопруга Илари Бласи и децата, кои прошетаа по атлетската патека и ги поздравија навивачите, кои го носеа дресот со неговиот број и маици со пораки посветени на овој фудбалер кој долгогодишната фудбалска кариера го помина во дресот на Рома.

Пред натпреварот Тоти ги поздрави „ултра навивачите" на Рома на јужната трибина. Потоа, седна на клупата и на теренот излезле дури во 54. минута што предизвика реакции кај навивачите кои го исвиркаа менаџерот Лучијано Спалатели, со кој наводно Тоти бил во конфликт.

„25 години во еден дрес", „785 настапи, 307 голови, светски првак 2006", „Франческо Тоти е дел на фудбалската историја", се само дел од натписите кои на своите маици ги носеа навивачите кои го поздравија последниот настап на Тоти во дресот на Рома.

Детето на Рома, 40. годишниот Тоти, ги помина младите селекции на тој клуб и за првиот тим заигра во 1992 година. Во кариерата одигра вкупно 786 натпревари за Рома и постигна 307 голови. За репрезентацијата на Италија настапи 58 пати и беше шампион на светот во 2006 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın