спорт

САД: Во НБА одржана Турска вечер со поддршка на Институтот „Јунус Емре“

- Турска вечер беше организирана за време на натпреварот меѓу Кливленд Кавалирс и Торонто Репторс, што се играше во рамките на американската Национална кошаркарска лига (НБА)

Dildar Baykan   | 11.04.2021
САД: Во НБА одржана Турска вечер со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ Фото: Дилдар Бајкан / АА

ВАШИНГТОН

Турска вечер беше организирана за време на натпреварот меѓу Кливленд Кавалирс и Торонто Репторс, што се играше во рамките на американската Национална кошаркарска лига (НБА), известува Агенција Анадолија (АА).

Во текот на натпреварот што во живо го следеа милиони гледачи, на дигиталните екрани во салата беа споделувани информации за Турција.

Со договорот за соработка што го потпишаа тимот на Кливленд Кавалирс, во кој настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, и Институтот „Јунус Емре“, се планира во претстојниот период да се спроведат голем број активности за спортска дипломатија и програма за промовирање на турската култура.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın