спорт

Резултати и табеларен приказ од СП во ракомет: Прв пораз на Македонија

- Вчера се одиграа 12 натпревари од 3. коло на СП во ракомет што се одржува во Германија и Данска. Македонија го доживеа првиот пораз од Хрватска, со резултат 22:31.

Oktaj Omeragik   | 15.01.2019
Резултати и табеларен приказ од СП во ракомет: Прв пораз на Македонија

Üsküp

СКОПЈЕ (АА) - Во Германија и Данска се одржува 26. Светско ракометно првенство на кое учествуваат 24 репрезентации. Ова е прво светско ракометно првенство во чие организирање се вклучени повеќе од една држава, јавува Anadolu Agency (AA).

Вчера се одиграа 12 натпревари. Во натпреварот од групата Б, во Минхен репрезентацијата на Македонија играше против ракометарите на Хрватска. Искуството на фаворитот Хрватска го направи своето и ѝ го нанесе првиот пораз на репрезентацијата на Македонија од 31:22 (по полувремиња 16:11, 15:11).

Денеска се играат натпреварите од групите А и Ц, а паузираат групите Б и Д. В среда Македонија се среќава со Шпанија. Натпреварот е закажан за 20:30 часот.

В четврток Македонија го игра последниот натпревар во групната фаза против репрезентацијата на Исланд, кој во исто време е и клучен натпревар за пласманот на македонската репрезентација во наредната фаза. Овој натпревар ќе започне во 18:00 часот.


Резултати од вчерашните средби:

Тунис - Чиле 36:30

Србија - Бразил 22:24

Исланд Бахреин 26:18

Унгарија - Катар 32:26

Норвешка - Австрија 34:24

Русија - Германија 22:22

Аргентина - Египет 20:22

Хрватска Македонија 31:22

Данска - Саудиска Арабија 34:22

Франција - Кореја 34:23

Шведска - Ангола 37:19

Шпанија - Јапонија 26:22


По одиграното 3. коло од Светското првенство во ракомет, табеларниот приказ е следен:


Група А

Екипа НПНППос. Пр. Раз.Бодови
Франција33009066246
Германија 32108662245
Русија 31208679  74
Бразил 31026780-132
Србија 30127386-131
Кореја 30036998-290



Група Б

Екипи НПНППос.Пр.Раз.Бодови
Хрватска 33009776216
Шпанија 33009170216
Македонија 32018883  54
Исланд 31028881  72
Јапонија 30037899-210
Бахреин 30039797-330


Група Ц

Екипи Н П Н П Пос.Пр.Раз.Бодови
Данска3 300109  60496
Норвешка3 300108  69396
Австрија3 102  77  88-112
Тунис3 102  82100-182
Чиле3 102  78  99-212
С. Арабија3 003  65103-380


Група Д

ЕкипиНПНППос.Пр.Раз.Бодови
Шведска 33009559366
Унгарија 32109175165
Катар 31027779 -22
Египет 31026975 -62
Ангола 31026794-272
Аргентина 30126178-171


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın