спорт

Преглед на 5-те најголеми фудбалски лиги на Европа

По одиграните натпревари викендов, лидер во Англија е Манчестер Сити, во Шпанија е Атлетико Мадрид, Интер во Италија, Баерн Минхен во Германија и Лил е лидер во Франција.

Hüseyin Burak Demirer   | 26.04.2021
Преглед на 5-те најголеми фудбалски лиги на Европа

АНКАРА

Викендов продолжија натпреварите во 5-те најголеми фудбалски лиги на Европа, Премиер лига (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Бундеслига (Германија) и Лига 1 (Франција), известува Агенција Анадолија (АА).

По одиграните натпревари, лидер во Англија е Манчестер Сити, во Шпанија е Атлетико Мадрид, Интер во Италија, Баерн Минхен во Германија и Лил е лидер во Франција.


Премиер лига

Лидерот на табелата, екипата на Манчестер Сити, како гостин со 1:2 го совлада Астон Вила. Манчестер Јунајтед одигра без голови, 0:0, на гостувањето кај Лидс Јунајтед.

Лестер Сити како домаќин со 3:0 го совлада Вест Бромвич Албион.

По 33. коло, на првото место во Премиер лигата со 77 бода се наоѓа екипата на Манчестер Сити. Следуваат Манчестер Јунајтед со 67 бода, Лестер Сити со 59 бода и натпревар помалку и Челси со 58 бода.


Ла лига

Атлетико Мадрид, кој предводи во шпанската Ла лига, како гостин со 2:1 загуби од Атлетико Билбао.

Реал Мадрид како домаќин одигра нерешено 0:0 против Реал Бетис, губејќи значителни бодови за шампионската титула.

Барселона како гостин со 1:2 го совлада Виљареал, а со истиот резултат Севиља на домашен терен ја совлада Гранада.

По 33. коло во Ла лигата, Атлетико Мадрид е лидер на табелата со 73 бода. Второпласиран е Реал Мадрид со 71 бод, третопласирана е Барселона со 71 бод и натпревар помалку, додека Севиља е четвртопласирана со 70 бода.


Серија А

Интер како домаќин, со 1:0 ја совлада Хелас Верона и направи уште еден чекор напред кон шампионската титула.

Аталанта како домаќин со 5:0 ја совлада Болоња и се позиционираше на второто место на табелата, преминувајќи го Милан, кој има натпревар помалку.

Тимот на Јувентус, шампионот на Италија во последните 9 години, одигра 1:1 на гостувањето кај Фјорентина.

Денес се играат преостанатите два натпревара од 33. коло во Серија А, Торино - Наполи (18:30 часот) и Лацио - Милан (20:45 часот). На лидерската позиција се наоѓа тимот на Интер со 79 поени, второпласирана е Атланта со 68 бода, додека на третото место се наоѓаат Милан и Јувентус со 66 бода.


Бундеслига

Баерн Минхен, лидерот на германската Бундеслига, како гостин загуби со 2:1 од Мајнц 05. Лајпциг го искористи киксот на Баерн, и со победата над Штутгард од 2:0 ја продолжи трката за шампионската титула.

Еден од дерби-натпреварите на колото беше дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Волфсбург. Дортмунд како гостин со 0:2 извојува победа над Волфсбург.

По 31. место во Бундеслигата, Баерн Минхен се наоѓа на првото место со 71 бод. Следуваат Лајпциг со 64 бода, Волфсбург со 57 и Ајнтрахт Франкфурт со 56 бода.


Лига 1

Лидерот Лил со двата погодока на турскиот интернационалец Бурак Јилмаз и со една асистенција, како гостин со 2:3 го совлада Олимпик Лион.

Париз Сен Жермен со 1:3 го совлада домаќинот Мец, додека Монако како гостин со 0:1 го совлада Анже.

На 4 кола пред крајот на француското фудбалско првенство Лил е лидер на табелата со 73 бода. Актуелниот шампион, екипата на ПСЖ, се наоѓа на второто место со 72 бода, а по неа следуваат Монако со 71 и Лион со 67 бода.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.