спорт

Преглед на 5. најголеми фудбалски лиги на Европа

- Манчестер Сити е лидер во Англија, Атлетико Мадрид во Шпанија, Интер во Италија, Баерн Минхен во Германија, а Лил во Франција.

Hüseyin Burak Demirer   | 22.02.2021
Преглед на 5. најголеми фудбалски лиги на Европа

АНКАРА

Викендов се играа натпреварите во англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1, кои се сметаат за 5-те најголеми фудбалски лиги на Европа, известува Агенција Анадолија (АА).

Манчестер Сити е лидер во Англија, Атлетико Мадрид во Шпанија, Интер во Италија, Баерн Минхен во Германија, а Лил во Франција.


- Премиер лига

Манчестер Сити, лидерот во англиското првенство, во текот на неделата го одигра одложениот натпревар против Евертон, совладувајќи го со 3:1, а викендот го совлада Арсенал со резултат 1:0.
Манчестер Сити дојде до својата 13. победа во лигата, 18-та во сите натпреварувања. Второпласираниот Манчестер Јунајтед заостанува 10 бода зад Сити.

Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречека Њукасл Јунајтед, совладувајќи го со 3:1.

Лестер Сити како гостин ја совлада Астон Вила, додека Вестхем Јунајтед на домашен терен со 2:1 го совлада Тотенхем.

Ливерпул како домаќин со 0:2 загуби од Евертон и во моментов заостанува 19 бода зад лидерот Манчестер Сити.

По 25. коло во англиската Премиер лига, Манчестер Сити е лидер на табелата со 59 бода. На втората позиција се наоѓаат Манчестер Јунајтед и Лестер Сити со по 49 бода. Вестхем Јунајтед е четвртопласиран со 45 бода.


- Ла Лига

Атлетико Мадрид е предводник на табелата во шпанската Ла лига. Во текот на неделата му гостуваше на Леванте. Овој натпревар заврши нерешено 1:1, додека викендов Атлетико на домашен терен го пречека Леванте, но овојпат загуби со 0:2.

Поради големиот број повредени играчи, актуелниот шампион Реал Мадрид се наоѓа во многу тешка состојба. Сепак, Реал Мадрид успеа со 0:1 да победи на гостувањето во Ваљадолид.

Барселона како домаќин одигра нерешено 1:1 против Кадис.

По 24. коло во шпанската Ла лига, лидер на табелата е Атлетико Мадрид со 55 бода и натпревар помалку. Следува Реал Мадрид со 52 бода, а Барселона е третопласирана со 47 бода и натпревар помалку.


- Серија А

Интер, кој минатата недела „заседна“ на првото место, во миланското дерби како гостин со 0:3 го совлада Милан.
Рома на гостувањето во Беневенто одигра нерешено 0:0, губејќи значајни бодови во трката за првото место во Серија А.

Денес на програмата е последниот натпревар во италијанската Серија А меѓу Јувентус и Кротоне.

Интер се наоѓа на првото место во Серија А со 53 бода. Следува Милан со 49 бода, додека Рома е на третото место со 44 бода. Актуелниот шампион Јувентус се наоѓа на 6. место со 42 бода и два натпревара помалку.


- Бундеслига

Лидерот Баерн Минхен, кој минатата недела одигра нерешено против Арминија Билефелд, викендов на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт загуби со 2:1.
Лајпциг на гостувањето кај Херта Берлин извојува победа од 0:3 и дојде до својата 4-та последователна победа. Волфсбург со 0:3 победи на гостувањето кај Арминија Билефелд.

По 22. коло во Бундеслигата, на врвот од табелата и понатаму е Баерн Минхен со 49 бода, актуелниот шампион и екипа што ги освои германските фудбалски првенства во последните 8 години. Следува Лајпциг со 47 бода, а по него се Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт со 42 бода.


- Лига 1

На врвот од француската Лига 1 се наоѓа Лил, кој викендов на гостувањето во Лорјен извојува победа од 1:4. И Олимпик Лион од гостувањето во Брест се врати како победник, совладувајќи го домаќинот со 2:3.

Екипата на Париз Сен Жермен, шампионот на Франција во последните 3 години, на домашен терен загуби со 0:2 од Монако.
По 26. коло во француската Лига 1 екипата на Лил е лидер на табелата со 58 бода. Второпласиран е Олимпик Лион со 55 бода, додека ПСЖ е на третата позиција со 54 бода.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.