спорт

Поради 762 милиони фунти од ТВ-правата, Премиер лигата можно е да продолжи во мај

Oдлуката за предлогот на клубовите треба да биде одобрена од Владата, Министерството за здравство и Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија

Bakir Tiro   | 31.03.2020
Поради 762 милиони фунти од ТВ-правата, Премиер лигата можно е да продолжи во мај

ЛОНДОН (АА) - Премиер лигата во фудбал на Англија ќе продолжи на почетокот на мај, за да не продолжи загубата од ТВ-правата во износ од 762 милиони фунти, пишува денес „Дејли мејл“ (Daily Mail), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според предлогот на сите 20 клуба, поради пандемијата на коронавирусот натпреварите треба да се играат пред празни трибини, а сезоната би завршила на 12 јули.

Меѓутоа, одлуката за предлогот на клубовите треба да биде одобрена од Владата, Министерството за здравство и Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија.

Договорот за ТВ-правата, вреден дури 3 милијарди фунти годишно за тековната сезона, истекува на 31 јули, а од 1 август на сила стапува договорот за сезоната 2020/2021.

Како што пишува „Дејли меjл“, во договорот со ТВ-куќите пишува дека крајниот рок за завршување на сезоната е 16 јули, и дека доколку не се заврши до тогаш, носителите на правата би можеле да бараат 762 милиони фунти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın