спорт

Позната најдобрата петорка на сезоната во НБА

Најдобрата петорка во НБА ја сочинуваат Јанис Антетокумпо, Стефен Кари, Лика Дончиќ, Никола Јокиќ и Кавај Леонард

Mutlu Demirtaştan   | 16.06.2021
Позната најдобрата петорка на сезоната во НБА

ИСТАНБУЛ - Претставниците на американската Национална кошаркарска лига (НБА) ги објавија имињата на што ја сочинуваат најдобрата петорка на сезоната, пренесува Агенција Анадолија (АА).

НБА излезе со соопштение во кое се наведува дека е позната најдобрата петорка на НБА во чиј избор учествуваа припадниците на 100 медиуми низ светот.

Јанис Антетокумпо, ѕвездата на Милвоки Бакс, собра максимален број на гласови и со 500 поени се најде во најдобрата петорка на НБА.

Во најдобрата петорка на сезоната 2020/21 во НБА се најдоа и Никола Јокиќ, играчот на Денвер Нагетс кој ја понесе титулата за Најкорисен играч на сезоната (МВП), со освоени 498 поени, Стефен Кари од Голен Стејт Вориорс со освоени 496 поени, Лука Дончиќ од Далас Маверикс со освоени 402 поени и Кавај Леонард од Лос Анџелес Клиперс со освоени 323 поени.

Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс се најде во втората петорка на НБА. Со овој избор Леброн го надгради својот рекорд наоѓајќи се 17 пати во листата на најдобри кошаркари на сезоната. Претходно Леброн 13 пати беше избран во најдобрата петорка на сезоната во НБА, трипати беше избран во втората петорка, а еднаш беше избран за најдобар играч во првата петорка.

Најдобрите три петорки во НБА за оваа сезона ги сочинуваат:

Во најдобрата прва петорка на НБА се: Јанис Антетокумпо (Милвоки Бакс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Стефен Кари (Голен Стејт Вориорс), Лука Дончиќ (Далас Маверикс) и Кавај Леонард (Лос Анџелес Клиперс).

Најдобрата втора петорка: Џоел Ембид (Филаделфија Севентисиксерс), Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Дејмијан Лилард (Портланд Треил Блејзерс), Крис Пол (Оклахома Сити Тандер), Џулиус Рендл (Њујорк Никс).

Најдобрата трета петорка: Бредли Бил (Вашингтон Визардс), Џими Батлер (Мајами Хит), Пол Џорџ (Лос Анџелес Клиперс), Руди Гоберт (Јута Џез), Кајри Ирвинг (Бруклин Нетс).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın