спорт

Победник на НБА Ол-стар мечот е тимот на Леброн

Овогодишниот Ол-стар викенд на НБА се одржа во салата „Спектрум центар“ во американскиот град Шарлот.

Mutlu Demirtaştan   | 18.02.2019
Победник на НБА Ол-стар мечот е тимот на Леброн

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Во 68. Ол-стар натпревар на американската Национална кошаркарска лига победник е тимот на Леброн Џејмс, јавува Anadolu Agency (AA).

Овогодишниот Ол-стар викенд на НБА се одржа во салата „Спектрум центар“ во американскиот град Шарлот.

Синоќа се одигра 68. Ол-стар натпревар меѓу тимовите кои беа избрани од страна на Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс) и Јанис Адетокунбо (Милвоки Бакс).

Тимот на Адетокунбо првото полувреме го заврши со предност од 95 : 82.

Иако во текот на третата четвртина, тимот предводен од Леброн имаше негатива од дури 20 поени, на крајот извојува победа од 164 : 178.

- Дурант ја освои титулата „МВП Ол-стар“

Кевин Дурант од тимот на Леброн Џејмс ја освои годинешната титула „Најкорисен играч“, негова втора МВП-титула на Ол-стар натпреварите.

Дурант по 10-ти пат настапи на НБА Ол-стар натпревар и за период од 25 минути, колку што помина на паркетот, оствари 31 поен, 7 скока, 2 асистенции, 2 блока и една украдена топка.

Леброн Џејмс, капитенот на победничката екипа, по 15-ти пат настапи на еден Ол-стар натпревар. Леброн постигна скор од 19 поени, 8 скока, 4 асистенции и 2 блокади. Во тимот на Леброн се истакнаа и Клеј Томсон со 20 поени, 8 скока, 4 асистенции, Кавај Леонард со 19 поени, 5 скока, 2 асистенции, и Дејмијан Лилард со 18 поени, 6 скока и 5 асистенции.

Капитенот на поразената екипа, Адетокунбо, беше најпрецизен на натпреварот, постигнувајќи дабл-дабл од 38 поени, 11 скока и 5 асистенции, но не успеа да го спречи поразот. Во тимот на Адетокунбо се истакнаа Крис Мидлтон со 20 поени, 5 скока и 4 асистенции, Пол Џорџ со 20 поени, 2 скока, 4 асистенции, 3 украдени топки, и Стефен Кари со 17 поени, 9 скока и 7 асистенции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın