спорт

Одиграно 6. коло од квалификациите за ЕУРО 2020 во фудбал

- Синоќа во рамките на 6. коло од квалификациите за ЕУРО 2020 се одиграа преостанатите 7 натпревари во групите А, Б и Х. По 6. коло без загубен бод се репрезентациите на Англија, Шпанија, Белгија и Италија

Mutlu Demirtaştan,Oktaj Omeragik   | 11.09.2019
Одиграно 6. коло од квалификациите за ЕУРО 2020 во фудбал

СКОПЈЕ

Со синоќа одиграните натпревари заврши 6. коло од квалификациите за Европскиот фудбалски шампионат ЕУРО 2020, јавува Anadolu Agency (AA).

Синоќа во рамките на 6. коло од квалификациите за ЕУРО 2020 се одиграа преостанатите 7 натпревари во групите А, Б и Х.

Во групата Х, Турција ѝ гостуваше на Молдавија. По првото полувреме во кое Турција во 37. минута избори водство од 0:1 со погодокот на Џенк Тосун, во второто полувреме гостите го засилија темпото и на крајот славеа со 0:4.

Во вториот натпревар од групата Х, Франција на домашен терен ја совлада Андора со 3:0. Во оваа група се одигра и натпреварот меѓу репрезентациите на Албанија и Исланд. Албанија како домаќин беше поуспешна од Исланд и на крајот славеше со 4:2.

Во групата А, Англија како домаќин играше против репрезентацијата на Косово. Англија извојува победа од 5:3. По изненадувачкиот погодок на Косово во 1. минута од натпреварот, Англија постигна 5 погодоци во првото полувреме, за во вториот дел од играта Косово да го намали резултатот на 5:3.

Во групата Б, Португалија ѝ гостуваше на Литванија. Кристијано Роналдо на овој натпревар постигна 4 погодоци, а репрезентацијата на Португалија извојува победа од 1:5.

По овој натпревар Роналдо стигна до бројката од 93 погодоци за репрезентацијата на Португалија, приближувајќи му се на Иранецот Али Даеи кој е на првото место на светската листа со 109 погодоци во репрезентативниот дрес. На третото место е Унгарецот Ференц Пушкаш со 84 погодоци, додека на четвртото место се наоѓа Јапонецот Кунишиге Камамото со 80 погодоци.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев се наоѓа на 78. место на светската листа со постигнати 34 гола во репрезентативниот дрес.

Од 10 до 12 октомври ќе се играат натпреварите од 7. коло на квалификациите за ЕУРО 2020.

Резултати од вчера одиграните натпревари:


Група А

Англија - Косово 5:3

Црна Гора - Чешка 0:3


Група Б

Луксембург - Србија 1:3

Литванија - Португалија 1:5


Група Х

Молдавија - Турција 0:4

Албанија - Исланд 4:2

Франција - Андора 3:0


Табеларен приказ по 6. коло од квалификациите за ЕУРО 2020:


Група А

Тим Бодови
Англија 12
Република Чешка 9
Косово 8
Црна Гора 2
Бугарија 2





Група Б

ТимБодови
Украина 13
Португалија 8
Србија 7
Луксембург 4
Литванија 1




Група Ц

ТимБодови
Германија 12
Северна Ирска 12
Холандија 9
Белорусија 3
Естонија 0




Група Д

Тим Бодови
Ирска 11
Данска 9
Швајцарија 8
Грузија 4
Гибралтар 0



Група Е

ТимБодови
Хрватска 10
Словачка 9
Унгарија 9
Велс 6
Азербејџан 1




Група Ф

Тим Бодови
Шпанија 18
Шведска 11
Норвешка 10
Малта 9
Фарски Острови 3




Група Г

ТимБодови
Полска 13
Словенија 11
Австрија 10
Израел 8
С. Македонија 8
Летонија 0




Група Х

ТимБодови
Франција 15
Турција 15
Исланд 12
Албанија 9
Молдавија 3
Андора 0




Група И

ТимБодови
Белгија 18
Русија 15
Кипар (грчки дел) 7
Казахстан 7
Шкотска 6
Сан Марино 0



Група Ј

Тим Бодови
Италија 18
Финска 12
Ерменија 9
Босна и Херцеговина 7
Грција 5
Лихтенштајн 1


По 6. коло од квалификациите за ЕУРО 2020 без загубен бод се репрезентациите на Англија, Шпанија, Белгија и Италија

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın