спорт

Одбојка ЕУРО 2019: За пласман во осминафиналето, С. Македонија посакува победа на Турција над Финска

- Вечер одбојкарите на Северна Македонија посакуваат победа на Турција над Финска, што по вчерашната победа на Северна Македонија над Словенија од 1:3 би значело пласман во осминафиналето на ЕУРО 2019 за Северна Македонија.

Oktaj Omeragik   | 18.09.2019
Одбојка ЕУРО 2019: За пласман во осминафиналето, С. Македонија посакува победа на Турција над Финска

СКОПЈЕ

Вчера репрезентацијата на Северна Македонија прикажа одлична игра и извојува победа над репрезентацијата на Словенија, која до вчера немаше пораз во групата Ц и е кандидат за првото место во групата, јавува Anadolu Agency (AA).

Вчера се одиграа 8 натпревари по групи на Европското одбојкарско првенство ЕУРО 2019. Домаќинот на групата Ц, репрезентацијата на Словенија, играше против Северна Македонија. Репрезентативците на Северна Македонија одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 0:2 во сетови. Во третиот сет Словенија успеа да го намали водството на 1:2, а репрезентативците на Северна Македонија, и покрај водството на Словенија во текот на целиот четврти сет и трите сет топки, успеа да го добие сетот за победа од 1:3.

Северна Македонија ѝ го нанесе првиот пораз на Словенија во групата Ц и во исто време си создаде шанси за пласман во осминафиналето. Решавачка средба за пласман на македонските репрезентативци во наредната фаза е дуелот меѓу Финска и Турција кој се игра вечер во 20:30 часот. Победата на Турција би значела и пласман на македонските репрезентативци во наредната фаза, а доколку победи Финска, тогаш би се одело на анализирање на севкупните резултати на двете репрезентации.


Резултати од вчера одиграните натпревари:

Словенија - С. Македонија 1:3

Грција - Португалија 1:3

Црна Гора - Полска 0:3

Австрија - Шпанија 2:3

Италија - Бугарија 3:1

Словачка - Белгија 0:3

Естонија - Холандија 1:3

Турција - Белорусија 3:1


Денеска и утре се играат последните натпревари по групи, по што ќе бидат познати репрезентациите што ќе се пласираат во осминафиналето.

Денеска се среќаваат:

14:00 Португалија - Романија

17:00 Украина - Естонија

17:30 Словенија - Русија

17:30 Германија - Словачка

20:00 Холандија - Чешка

20:30 Белгија - Србија

20:30 Финска - Турција

20:30 Франција - Италија


За утре, 19 септември, закажани се 4 средби:

17:00 Чешка - Црна Гора

17:30 Шпанија - Германија

20:00 Полска - Украина

20:30 Србија - Австрија

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.