Новак Ѓоковиќ деветти пат во кариерата го освои трофејот на Австралија опен
Ѓоковиќ во финалето победи уверливо против рускиот ривал Медведев

МЕЛБУРН
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со уверливи 3:0 во сетови го совлада рускиот ривал Данило Медведев во финалето и го освои овогодинешниот Австралија опен (Australian open), јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓоковиќ победи со резултат 3:0 во сетови (7:5, 6:2, 6:2) и деветти пат во кариерата го освои трофејот на Австралија опен.
Иако Медведев беше извонреден на турнирот и се надеваше на првата грен слем титула во кариерата, Ѓоковиќ го оправда епитетот крал на Австралија опен и славеше победа во финалето што се играше еден час и 53 минути.
Покрај пехарот, Ѓоковиќ во Мелбурн освои и парична награда од 2,75 милиони австралиски долари (1,72 милиони евра).
На Ѓоковиќ ова му е 18. грен слем титула, а неговите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер засега имаат повеќе два трофеи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.