спорт

НБА-Олстар: Селекцијата на САД подобра од светот

Во ревијалниот натпревар наградата за најкорисен играч на натпреварот (MVP) ја однесе кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Милс Бриџис, кој постигна 20 поени и запиша пет скока и пет асистенции

Yunus Kaymaz   | 15.02.2020
НБА-Олстар: Селекцијата на САД подобра од светот

ИСТАНБУЛ (AA) - Олстар-викендот започна со натпревар на најдобрите млади играчи на светот и Соединетите Американски Држави (САД), а победија Американците со 151 : 131, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во ревијалниот натпревар наградата за најкорисен играч на натпреварот (MVP) ја однесе кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Милс Бриџис, кој постигна 20 поени и запиша пет скока и пет асистенции.

Најефикасен во екипата на САД беше Колин Секстон со 21 постигнат поен.

На другата страна најефикасен беше Канаѓанецот РЈ Барет со 27 поени, шест скока и пет асистенции.

Лука Дончиќ запиша 16 поени, две асистенции и пет скока.

Во ноќта од сабота кон недела ќе биде одржано натпреварување во тројки и забивање, а Олстар-натпреварот се игра во ноќта од недела кон понеделник.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın