спорт

НБА: Денвер Нагетс се пласираше во финалето на Западната конференција

- Во Западната конференција се играше 7. полуфинален натпревар од плејофот. Денвер Нагетс со 104:89 го совлада Лос Анџелес Клиперс и со 4:3 во победи стана противник на Лос Анџелес Лејкерс во финалето на Западната конференција

Hüseyin Burak Demirer   | 16.09.2020
НБА: Денвер Нагетс се пласираше во финалето на Западната конференција

АНКАРА

Синоќа се одиграа 2 натпревари од плејофот по конференции во американската Национална кошаркарска лига НБА. Во Западната конференција се играше 7. полуфинален натпревар од плејофот. Денвер Нагетс со 104:89 го совлада Лос Анџелес Клиперс и со 4:3 во победи стана противник на Лос Анџелес Лејкерс во финалето на Западната конференција. Ова е прво финале во конференции на Нагетс по 2009 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Најголем придонес во победата на Нагетси дадоа Џамал Мареј со 40 поени и 5 асистенции, а Никола Јокиќ постигна трипл-дабл од 16 поени, 22 скока и 13 асистенции.

Најпрецизни во редовите на екипата на Клиперс, која не успеа да се пласира во финалето, иако водеше со 3:1 во серијата од 4 победи, беа Монтрез Харел со 20 поени, Кавај Леонард со 14 поени и Пол Џорџ со 10 поени.

- Во финалето на истокот Мајами Хит поведе со 1:0

Во финалето на Источната конференција се сретнаа Бостон Селтикс и Мајами Хит. Откако натпреварот во регуларниот тек заврши со резултат 106:106, во продолжението Хит успеа да извојува победа од 117:114 и поведе со 1:0 во серијата од 4 победи.

Центарот на Хит, Бам Адебајо, на 5 секунди пред крајот на натпреварот при водство од 116:114 за Мајами успеа да го блокира обидот за забивање на Џејсон Татум и стана херој на натпреварот.

Во редовите на Мајами Хит, Бам Адебајо постигна 18 поени, 6 скока и 9 асистенции, Горан Драгиќ 29 поени и 7 скока, Џеј Краудер 22 поени и 5 скока и Џими Батлер 20 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Од редовите на Селтикс, Татум постигна дабл-дабл учинок од 30 поени, 14 скока и 5 асистенции, Маркус Смарт имаше скор од 26 поени, а Кемба Волкер 19 поени и 6 асистенции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın