спорт

НБА: Во дербито на Западната конференција Феникс Санс ја совлада Јута Џез

- Во дуелот меѓу двете првопласирани екипи во Западната конференција, Феникс Санс во продолжението со 117:113 ја совлада Јута Џез, која сезонава има најдобар однос на победи и порази од 74,5 %.

Hüseyin Burak Demirer   | 08.04.2021
НБА: Во дербито на Западната конференција Феникс Санс ја совлада Јута Џез

АНКАРА

Во американската Национална кошаркарска лига (НБА) тимот на Феникс Санс со 117:113 ја совлада Јута Џез во продолжението на натпреварот, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Во дуелот меѓу двете првопласирани екипи во Западната конференција, второпласираниот Феникс Санс на домашен терен ја пречека екипата на Јута Џез која сезонава има најдобар однос на победи и порази од 74,5 %. Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 102:102, а во продолжението домаќините извојуваа победа од 117:113 и дојдоа до својата седма последователна победа.

Најзаслужни за победата на Санс беа Девин Букер со 35 поени, 4 скока, 3 асистенции, Крис Пол со 29 поени, 9 асистенции, 4 скока и Деандре Ejтон со дабл-дабл учинок од 18 поени, 12 скока, 3 блокади.

Во редовите на Џез најпрецизен играч беше Донован Мичел со постигнати 41 поен, 8 скока, 3 асистенции. Бојан Богдановиќ постигна 20 поени, Руби Гоберт постигна дабл-дабл од 16 поени, 18 скока, 3 украдени топки, но тоа не беше доволно за да се победат Санс.


- Дурант по седум недели повторно истрча на паркетот

Бруклин Нетс, лидерот на Источната конференција, на домашен терен со 139:111 го совлада Њу Орлеанс Пеликанс.

Кевин Дурант, ѕвездата на Нетс, кој од 13 февруари паузира поради повреда, се врати на теренот на натпреварот против Јута. Минувајќи 19 минути на паркетот, Дурант имаше шут од поле 5 од 5 и натпреварот го заврши со 17 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Најпрецизни кај Нетс беа Кари Ирвинг со 24 поени, 6 асистенции и Ламаркус Олдриџ со 22 поени.

Во редовите на Пеликанс најпрецизни беа Ерик Бледсо со 26 поени, 5 скока и Зион Вилијамсон со 16 поени и 6 асистенции.


- Резултати

Феникс Санс - Јута Џез 117:113 (во продолжение)

Бруклин Нетс - Њу Орлеанс Пеликанс 139:111

Индијана Пејсерс - Минесота Тимберволвс 141:137

Орландо Меџик - Вашингтон Визардс 116:131

Бостон Селтикс - Њујорк Никс 101:99

Атланта Хоукс - Мемфис Гризлис 113:131

Оклахона Сити Тандер - Шарлот Хорнетс 102:113

Хјустон Рокетс - Далас Маверикс 102:93

Денвер Нагетс - Сан Антонио Спарс 106:96





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın