спорт

Наградата „Лауреус“ за најдобри спортисти во рацете на Ѓоковиќ и Бајлс

За спортист на годината е избран српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, додека во женска конкуренција, за најдобра спортистка е избрана Американката Симон Бајлс

Hüseyin Burak Demirer   | 19.02.2019
Наградата „Лауреус“ за најдобри спортисти во рацете на Ѓоковиќ и Бајлс

Ankara

АНКАРА (АА) - Наградата Најдобар спортист на годината „Лауреус“ во машка конкуренција, оваа година му беше доделена на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, додека во женска конкуренција, оваа престижна награда ѝ припадна на американската гимнастичарка Симон Бајлс, пренесува Anadolu Agency (AA).

Фондацијата „Лауреус“ од 2000 година досега ја доделува наградата „Лауреус“ на најдобрите спортисти во минатата година, која е прифатена за најпрестижна на полето на спортот. Свечената церемонија на доделувањето на наградите се одржа во Монако. Водител на церемонијата беше американскиот актер Џејмс Марсден.

На церемонијата во Монако учествуваа голем број светски спортски легенди, како што се Сергеј Бубка, Борис Бекер, Надја Команечи, Марк Шпиц, Миси Френклин, Ли На, Карлес Пујол, Алесандро Дел Пјеро, Линдси Линдси Вон, Џакомо Агостини.

За спортист на годината е прогласен српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој оваа титула претходно ја имаше освоено и во 2012, 2015 и 2016 година. Ѓоковиќ (31), кој успеа да ги освои последните три Гренд слем тениски турнири, зад себе ги остави возачот на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге, американскиот кошаркар Леброн Џејмс, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ и францускиот фудбалер Килијан Мбапе.

Олимписката и светска шампионка во гимнастика, Американката Симон Бајлс, по 2017, и оваа година е прогласена за спортистка на годината. Зад Бајлс (21), на листата на најдобри спортистки на годината се најдоа натпреварувачката во сноубординг и скијање, Чехинката Естер Ледецка, американската скијачка Микаела Шифрин, романската тенисерка Симона Халеп, швајцарската триатлонка Даниела Рајф и германската тенисерка Анџелик Кербер.

За тим на годината е избрана репрезентацијата на Франција која го освои Светското фудбалско првенство минатата година во Русија. Јапонката Наоми Осака ја освои титулата за откритие во 2018 година, која ги освои последните два Гренд слем тениски турнира.

Листата на најдобрите во 2018 година:

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ (Србија) - тенис

Спортистка на годината: Симон Бајлс (САД) - гимнастика

Тим на годината: Француската фудбалска репрезентација - фудбал

Откритие на годината: Наоми Осака (Јапонија) - тенис

Најдобро враќање: Тајгер Вудс (САД) - голф

Најдобар спортист со инвалидитет: Генриета Фаркашова (Словачка) - скијање

Најдобар екстремен спортист: Клои Ким (САД) - сноуборд

Спортски момент на годината: Ксиа Боју (Кина) - планинарство

Награда за добрина во спортот: Јува (Индија) - фудбал

Награда за исклучителни достигнувања: Елиуд Кипчоге (Кенија) - атлетика

Награда за спортски дух: Линдси Вон (САД) - скијање

Награда за животно дело: Арсен Венгер (Франција) - фудбал

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.