спорт

Меси е најплатениот спортист, во изминатава година инкасирал 127 милиони долари

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти во последната година, од јуни 2018 до јуни 2019 година, во однос на платите, турнирите, бонусите, како и приходите од спонзорите

Doga Kirmizioglu   | 12.06.2019
Меси е најплатениот спортист, во изминатава година инкасирал 127 милиони долари

АНКАРА (АА) - Аргентискиот фудбалски репрезентативец и играч на шпанскиот клуб Барселона, Лионел Меси, е најплатениот спортист во изминатата година, а неговата заработка изнесувала 127 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти во последната година, од јуни 2018 до јуни 2019 година, во однос на платите, турнирите, бонусите, како и приходите од спонзорите.

На врвот на листата се најде Лионел Меси со заработка од 127 милиони долари, додека португалскиот репрезентативец и член на Јувентус, Кристијано Роналдо, се наоѓа на второто место, со заработка од 109 милиони долари.

На третата позиција повторно се најде фудбалер, а станува збор за Бразилецот Нејмар, кој настапува за екипата на францускиот клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ). Нејмар во изминатата година заработил 105 милиони долари. Меѓу првите пет на листата најплатени спортисти во светот се најдоа мексиканскиот боксер Канело Алварез и швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.

Кога станува збор за жените, најплатена спортистка во изминатата година е Серена Вилијамс. Американската тенисерка инкасирала 29,2 милиони долари. Интересно е тоа што Вилијамс е единствена жена на листата од 100 најплатени спортисти.

Листата на 10 најплатени спортисти во изминатата година:

1. Лионел Меси - 127 милиони долари

2. Кристијано Роналдо - 109 милиони долари

3. Нејмар - 105 милиони долари

4. Канело Алварез - 94 милиони долари

5. Роџер Федерер - 93,4 милиони долари

6. Расел Вилсон - 89,5 милиони долари

7. Арон Роџерс - 89,3 милиони долари

8. Леброн Џејмс - 89 милиони долари

9. Стефан Кари - 79,8 милиони долари

10. Кевин Дурант - 65,4 милиони долари

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın