Лил во своите редови го доведе напаѓачот Бурак Јилмаз
Лил официјално потврди дека со 35 годишниот турски напаѓач потпишале двегодишен договор

ПАРИЗ
Францускиот фудбалски клуб Лил го доведе искусниот турски напаѓач Бурак Јилмаз од екипата на Бешикташ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лил официјално потврди дека со 35 годишниот турски напаѓач потпишале двегодишен договор.
„Лил со гордост го претставува Бурак Јилмаз. Искусниот турски фудбалски ас потпиша двегодишен договор со нашиот клуб", се наведува во клупското соопштение.
Првиот човек на Лил, Марк Ингла, му посака добредојде на Јилмаз, додавајќи дека се работи за одличен напаѓач.
„Посебно е опасен во казнениот простор. Многу е искусен играч. Вистинска фудбалска легенда. Бурак играше за четири големи клуба во Турција. Има одличен карактер и е вистински борец. Донесовме вистински играч за да го зајакнеме тимот. Сигурен сум дека со своето искуство и карактер ќе биде пример за целиот тим", рече Ингла.
Во богатата кариера Јилмаз, помеѓу останатото, играше за Фенербахче, Трабзонспор, Галатасарај, Бејинг Гуан и Бешикташ.
Во дресот на репрезентацијата на Турција запиша 59 настапи и постигна 24 погодоци.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.