спорт

Лига на шампиони: ПСЖ го совлада актуелниот шампион Баерн Минхен со 2:3, Челзи подобаар од Порто

- Во првиот натпревар од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони ПСЖ како гостин со 2:3 го совлада актуелниот шампион Баерн Минхен и ја прекина серијата на домаќините од 19 натпревари без пораз во ЛШ

Abdulkadir Karakaya   | 08.04.2021
Лига на шампиони: ПСЖ го совлада актуелниот шампион Баерн Минхен со 2:3, Челзи подобаар од Порто

ИСТАНБУЛ 

На првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, екипата на Париз Сен Жермен (ПСЖ) го совлада Баерн Минхен со 2:3 на гостински терен, известува Агенција Анадолија (АА).

Во најпрестижното европско фудбалско напреварување на клупско ниво, францускиот претставник ПСЖ му гостуваше на германскиот тим Баерн Минхен, екипа од која загуби во минатогодишното финале.

Францускиот претставник, кој интензивно го започна натпреварот на „Алијанц Арена“, поведе со голот на Килијан Мбапе во третата минута, а во 28. минута ПСЖ поведе со 0:2 со погодокот на Маркињос.

Баерн Минхен го намали резултатот на 1:2 со голот на Ерик Шупо-Мотинг во 37. минута. Со овој резултат заврши првото полувреме.

Второто полувреме Баварците го започнаа со притисок на голот на гостите и во 60. минута преку Томас Милер го изедначија резултатот на 2:2. По изедначувањето на резултатот, Мбапе уште еднаш го прикажа својот талент и со голот во 68. минута ги постави конечните 2:3 и донесе победа на ПСЖ на гостувањето во Минхен.

ПСЖ со оваа победа стави крај на серијата од 19 победи на Баерн Минхен во УЕФА Лигата на шампиони.

Ханси Флик го доживеа својот прв пораз во Лигата на шампионите откако го презеде тимот на Баерн Минхен.

Реванш-средбата ќе се одигра во вторник на 13 април на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз.

- Челзи го совлда Порто со 0:2

Во вториот дуел што се одигра синоќа, нглискиот претставник Челси му гостуваше на португалскиот претставник Порто.

Поради ограничувањата во патувањата во рамките на борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), натпреварот меѓу Порто и Челси се одигра на Стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ во Шпанија. Англискиот претставник поведе во 32. минута со голот на Мејсон Маунт, резултат со кој заврши првото полувреме.

Во второто полувреме екипата на Порто вложи напори да го изедначи резултатот, но одбраната на гостите не го дозволи тоа. Челси во 85. минута поведе со 0:2 преку голот што го постигна Бен Чилвел.

Реванш-средбата ќе се игра во вторник на 13 април, повторно на истиот стадион.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.