спорт

Италија: Третолигаш исфрлен од натпреварување по пораз од 0:20

Сите седум играчи на Про Пијаченца кои истрчаа на теренот во Кунео беа тинејџери, а ги предводеше 18-годишниот капитен Никола Кирлигиано, кој имаше и улога на тренер.

Dejan Maksimoviç   | 19.02.2019
Италија: Третолигаш исфрлен од натпреварување по пораз од 0:20

Roma

РИМ (AA) – Италијанскиот третолигаш Про Пијаченца е исфрлен од Серијата Ц, откако во неделата на гостувањето кај Кунео дојде со само седум играчи и го загуби натпреварот со резултат 0:20, пренесува Anadolu Agency (AA).

Сите седум играчи на Про Пијаченца кои истрчаа на теренот во Кунео беа тинејџери, а ги предводеше 18-годишниот капитен Никола Кирлигиано, кој имаше и улога на тренер. Пред натпреварот оваа недела Пијаченца загуби дури три средби на „зелената маса“, со резултат 0:3.

Клубот, кој се наоѓа на дното на табелата на групата А од Серијата Ц, се наоѓа во сериозни финансиски проблеми затоа што не ги исплатил платите на играчите, стручниот штаб и на персоналот.

Лега Про, телото кое управува со Серијата Ц, во понеделникот донесе одлука Про Пијаченца да ја дисквалификува од натпреварувањето, бидејќи некои играчи кои настапувале против Кунео не биле регистрирани. Средбата против Кунео ќе биде регистрирана со службен резултат 3:0. Освен тоа, Про Пијаченца е казнета парично со 20.000 евра.

Во образложението на одлуката се критикува неприфатливото однесување на клубот и натпреварот во Кунео се карактеризира како „фарса“ и „опасност за угледот на италијанскиот фудбал“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın