спорт

За првпат по 20 години Баерн Минхен не успеа да го помине 2. коло на Германскиот куп

Синоќа во рамките на второто коло на Германскиот фудбалски куп Баерн Минхен, лидерот во Бундеслигата му гостуваше на второлигашот Холштајн Кил

Erbil Başay   | 14.01.2021
За првпат по 20 години Баерн Минхен не успеа да го помине 2. коло на Германскиот куп

БЕРЛИН - Во второто коло од фудбалскиот Куп на Германија, второлигашот Холштајн Кил успеа по изведувањето на ударите од белата точка со резултат 8:7 да го елиминира Баерн Минхен, баварскиот фудбалски гигант и актуелен шампион на Бундеслигата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа во рамките на второто коло на Германскиот фудбалски куп Баерн Минхен, лидерот во Бундеслигата му гостуваше на второлигашот Холштајн Кил.

Веќе во 14. минута од натпреварот Баерн Минхен преку Гнабри поведе со 0:1. Домаќините преку Фин Бартелс изедначија на 1:1 во 37. минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме, Баерн започна фуриозно и веќе во 48. минута преку Лирој Сане поведе со 1:2. По овој погодок Баерн Минхен доминираше на теренот и кога секој го очекуваше крајот на средбата и победа на Баерн, во судиското продолжение, во 90+5 минута од средбата, Холштајн Кил преку Вахл успеа да го изедначи резултатот на 2:2.

Откако натпреварот во регуларниот тек и во неговите продолженија заврши без победник 2:2, се премина кон изведување на ударите од белата точка.

Холштајн Кил беше посупешен во изведувањето на пеналите од Баерн и остварувајќи предност од 8:7 се пласираше во 3. коло на Купот на Германија.

Ова е првпат по 20 години екипата на Баерн Минхен да не успее да го мине 2. коло на фудбалскиот Куп на Германија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.