спорт

Де Лаурентис: „Сериозно сме заинтересирани за Елиф Елмас“

- Аурелио Де Лаурентис: „Сериозно сме заинтересирани за Елиф Елмас, тоа не можеме да го негираме, но за да не бидеме со пренатрупан кадар, потребно е првенствено да направиме продажба.“

Berad Büyük   | 11.07.2019
Де Лаурентис: „Сериозно сме заинтересирани за Елиф Елмас“

ИСТАНБУЛ (АА) - Аурелио де Лаурентис, претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, член на италијанската прва фудбалска лига Серија А, соопшти дека е сериозно заинтересиран за Елиф Елмас, репрезентативецот на Северна Македонија кој ги брани боите на турскиот клуб Фенербахче, јавува Anadolu Agency (AA).

Де Лаурентис за италијанските медиуми даде изјава во врска со активностите околу трансферите.

Претседателот на италијанскиот клуб, во врска со трансферот на фудбалерот на Фенербахче, Елиф Елмас, изјави „Сериозно сме заинтересирани за Елиф Елмас, тоа не можеме да го негираме, но за да не бидеме со пренатрупан кадар, потребно е првенствено да направиме продажба.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın