спорт

Во Јапонија, 80 проценти од граѓаните сакаат Олимписките игри да бидат откажани или одложени

Повеќе од илјада учесници одговорија на прашањата во врска со социо-економските последици од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), за јавната поддршка на Владата и Олимписките игри во Токио

Ahmet Furkan Mercan   | 11.01.2021
Во Јапонија, 80 проценти од граѓаните сакаат Олимписките игри да бидат откажани или одложени

ТОКИО (АА) - Според истражувањето спроведено во Јапонија, околу 80 проценти од испитаниците сметаат дека Олимписките игри и Параолимписките игри во Токио, закажани за јули, треба да бидат откажани или одложени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

За време на викендот, агенцијата „Кјодо“ спроведе телефонско истражување.

Повеќе од илјада учесници одговорија на прашањата во врска со социо-економските последици од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), за јавната поддршка на Владата и Олимписките игри во Токио.

На прашањето за Олимписките игри, планирани да се одржат во Токио на крајот на јули, 35,3 проценти од учесниците во анкетата одговориле дека „треба да бидат откажани“, а 44,8 проценти дека треба „повторно да се одложат“.

Според истражувањето, стапката на оние што не се задоволни од владините мерки против Ковид-19 е 68,3 проценти, додека стапката на оние што истакнале дека борбата против епидемијата е добра остана на 24,9 проценти.

Од анкетираните, 79,2 проценти тврдат дека вонредната состојба прогласена во и околу Токио е задоцнета, а 78 проценти наведуваат дека опсегот на вонредната состојба треба да се прошири.

Јавната поддршка за премиерот Суга Јошихиде, кој стапи на должност во септември 2020 година, изнесува 41,3 проценти. Во споредба со истражувањето спроведено во декември, намалена е за 9 проценти.

Од анкетираните, 41,2 проценти наведуваат дека премиерот Суга покажал „недостаток на лидерство во борбата против епидемијата“.

Редовните избори во Јапонија се планирани да се одржат во октомври, кога ќе заврши 4-годишниот мандат на членовите на Претставничкиот дом.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın