спорт

Во пресрет на „Австралијан опен" девет лица позитивни на Ковид-19

Претходно овој месец, вкупно 24 тенисери се ставени во карантин откако се откриени случаи на заразување со коронавирусот во авионот во кој тенисерите патуваа во Австралија

Doğa Kırmızıoğlu   | 24.01.2021
Во пресрет на „Австралијан опен" девет лица позитивни на Ковид-19

МЕЛБУРН

Пред почетокот на првиот грен слем од тенискиот турнир во сезоната на „Австралијан опен" (Australian Open) , девет учесници се позитивни на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата на здравствениот оддел на државата Викторија, каде што ќе се одржува турнирот, наведено е дека резултатите од тестовите за коронавирусот се позитивни кај девет играчи, тимови и службеници на организацијата.

Претходно овој месец, вкупно 24 тенисери се ставени во карантин откако се откриени случаи на заразување со коронавирусот во авионот во кој тенисерите патуваа во Австралија за да учествуваат на „Австралијан опен".

Во претходното соопштение на „Австралијан опен" наведено е дека во авионот со 79 лица, од кои 67 патници, откриени се два позитивни случаи на заразување.

Иако нивните тестови биле негативни, 24 тенисери се ставени во карантин 14 дена.

Во авионот што патуваше од Лос Анџелес во Мелбурн се наоѓаа, помеѓу другите, Викторија Азаренка од Белорусија, американската тенисерка Слоана Стефенс и Јапонецот Кеи Нишикори.

„Австралијан опен" ќе се одржи од 8 до 21 февруари.

Тенисерите што ќе играат на „Австралијан опен" ќе мора да дојдат во Мелбурн 15 дена пред почетокот на турнирот за да бидат во карантин поради мерките воведени со цел спречување на ширењето на пандемијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın