спорт

Бројот на домаќини на ЕВРО 2020 може да се намали на една земја

- Запрашан за ВАР-системот, Чеферин го даде следниот одговор: „Сметам дека овој систем во натпреварите на Европското првенство многу добро се користи, но во националните лиги има многу проблеми и комични систуации

Şenhan Bolelli   | 16.10.2020
Бројот на домаќини на ЕВРО 2020 може да се намали на една земја Фото: Архива / АА

МАДРИД

Александар Чеферин, претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), соопшти дека одложеното Европско фудбалско првенство ЕВРО 2020 ќе се одржи следната година, но дека е можно поради пандемијата на новиот тип коронавирус, бројката на земји домаќини на ЕВРО 2020 да ја намалат на една земја, известува Агенција Анадолија (АА).

Чеферин за шпанскиот претплатнички ТВ-канал „Мувистар плус“ (Movistar Plus) даде интервју во кое соопшти: „Сигурни сме дека ќе го организираме Европското фудбалско првенство, но можно е намалување на бројот на земји домаќини само на една земја.“

Во нормални услови, Европското фубалско првенство ЕВРО 2020 би требало да се одржи во периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година, а се планира Првенството да се организира во 12 земји.

Зборувајќи за иднината на УЕФА Лигата на шампиони, Чеферин рече: „Иако системот минатата сезона беше спроведен под притисок на Ковид-19, сепак беше интересен. Позитивен ефект има враќањето на клубовите. Финале со учество на осум клуба, од аспект на организацискиот календар, е малку тешко, но иако еднонеделно финале со четири клуба би се организирало само во големите градови, сепак тоа би била голема активност. Финале со четири клуба би можело да биде еден избор, но по 20214 година.“

Иако поради пандемијата на Ковид-19, економската состојба на фудбалските лиги и УЕФА не е толку добра како во изминатите години, Чеферин го рече следното: „Многу е важно пандемијата да заврши што поскоро. Доколку тоа не се случи, тогаш сите економии, вклучувајќи го тука и фудбалот, ќе имаат многу сериозни проблеми. Резултатот би бил вистинска катастрофа. Се надевам дека ќе биде пронајдена вакцина и се молам за тоа.“

Чеферин истакна дека одлуката за овозможување на присуство на публика на стадионите за време на натпреварите ќе ја донесуваат самите држави, додавајќи дека УЕФА во однос на тоа прашање нема да може да направи ништо.

Од друга страна, претседателот на УЕФА, на прашањето за употребата на ВАР-системот го даде следниот одговор:

„Сметам дека овој систем во напреварите на Европското првенство многу добро се користи, но во националните лиги има многу проблеми и комични систуации. Според мене, на средбите многу е поважно да се знае дали за време на натпреварите има игра со рака или нема. Доколку има офсајт и од еден сантиметар, тоа може повторно да се погледне. Што ќе се случи доколку за време на изведувањето на ударот од белата точка, голманот бил излезен еден или два сантиметри? Дали е правилно повторување на пеналот? Според мене, има многу нешта за кои може да се дискутира. ВАР-системот е од помош за фудбалот, но може и да му наштети. Нема да отстапиме. ВАР-системот ќе продолжи, но има многу нешта што треба да се поправат.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.